Дома Фудбал Одредена конечно сумата за Кејн: Ќе прифати ли Перез ваква понуда, за реванш кон Барселона?!

Одредена конечно сумата за Кејн: Ќе прифати ли Перез ваква понуда, за реванш кон Барселона?!

Реал пред неколку години го сруши клупскиот рекорд, откако го донесе Герет Бејл од Тотенхем, а Кралевите повторно сакаат да направат голем трансфер во соработка со Спарси, со оглед на тоа дека сакаат да го купат Кејн.

За првиот стрелец во Премиер лигата, заинтересиран е и Манчестер Јунајтед, чиј менаџер, Жозе Мурињо смета дека во тандем со Ромелу Лукаку, Кејн би бил најопасен.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Меѓутоа, Кејн моментално е поблиску до Реал Мадрид, а претседателот на Тотенхем, Даниел Леви ја соопшти и цената за својот голгетер. Доколку Реал навистина го сака Кејн, ќе мора да плати 300 милиони евра.

Кејн, кој постигна 18 погодоци на 20 натпревари во Премиер лигата, би го надминал и Нејмар кој во моментов е најскапиот играч на светот. Инаку, првиот човек на Реал, Флорентино Перез секако сега би сакал да се реваншира со Барселона до некаде, која синоќа објави дека за 160 милиони евра е договорен трансферот на Филипе Кутињо од Ливерпул.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…