Дома Фудбал Останато Ливерпул има интересен план со Кутињо, но прашање е дали ќе им успее?

Ливерпул има интересен план со Кутињо, но прашање е дали ќе им успее?

Бразислкиот фудбалер лесно, но сигурно израсна во „крал на шпекулациите“ за што се чини дека немаат крај.

Кутињо лесно стана „крал на шпекулациите“, бидејќи веќе со месеци се врти истата приказна за него околу евентуалниот трансфер во Барселона. Во Шпанија тврдат дека се е завршено, додека во Англија се сигурни дека бразилскиот фудбалер и понатаму ќе остане во Ливерпул.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Mundo Deportivo“ денеска објави дека Кутињо со сите сили сака да дојде во Барселона и дека уште од минатото лето им соопштил на управата на Ливерпул дека сака да го напушти клубот. Меѓутоа, според наводите на медиумите, на „Енфилд“ смислиле план за да го задржат Кутињо.

Наводно, според нивните сознанија во Ливерпул најдоа начин повторно да го сочуваат Бразилецот во своите редови така што ќе му ја понудат капитенската трака. Во случај Кутињо да остане на „Енфилд“ следното лето ќе има право да го промени клубот доколку тоа го сака.

Шпекулациите поврзани за Кутињо и неговиот трансфер не престануваат, а од минута во минута дознаваме некои неверојатни информации.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Фудбалерот кој го победи ракот, сега стави потпис на договор со клубот кој многу му значи

Холандскиот напаѓач Себастијан Алер (31) ја напушти Борусија Дортмунд потпишувајќи едногод…