Дома Трансфер зона Мурињо не попушта, па Интер побара нова опција, на мета „заборавениот“ Аргентинец?

Мурињо не попушта, па Интер побара нова опција, на мета „заборавениот“ Аргентинец?

lamela

Познато е дека Интер е во потрага по креативен фудбалер, дали човекот кој има искуство од настапување во Серија А е вистинскиот избор?

Се пишуваше дека „нероаѕурите“ се заинтересирани за Хенрик Микхтаријан од Манчестер Јунајтед, но Мурињо изгледа дека не е расположен во овој момент да се откаже од услугите на својот офанзивен фудбалер.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Од друга страна, Хавиер Пасторе од ПСЖ е прескап, па Валтер Сабатини стапил во контакт со Тотенхем.

Имено, спортскиот директор кој своевремено работеше во Рома и во европскиот фудбал го лансираше Ерик Ламела сега се обидува Аргентинецот да го доведе во Интер.

Ламела подоцна беше продаден на Тотенхем за сума од 30 милиони евра. Нешто подоцна тој се повреди и после долгото опоравување не успеа да се врати во препознатливата форма, а за да го направи тоа потребни му се натпревари.

Кога би се прашувал самиот Ламела веројатно тој со задоволство би се вратил во Италија каде што како што кажавме го носеше дресот на Рома.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал се откажал од Дејвис – има ново решение!

Алфонсо Дејвис долго време се најавува како засилување на Реал Мадрид, меѓутоа тој трансфе…