Тренерот на Челзи, Антонио Конте ги изненади сите со изборот за најдобар фудбалер во светот.
Тој тврди дека меѓу најдобрите се двајцата Чилеанци. Станува збор за Алексис Санчез и Артуро Видал. За Видал неодамна изјави дека би го зел и во војна, а во последно време одличниот играч за врска се поврвуа со траснфер во Челзи.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
„Не сакам премногу да зборувам за играчи од другите екипи, но Алексис и Видал се одлични. Верувам дека се меѓу најдобрите фудбалери во светот. Видал е особено добар“, изјави италијанскиот стратег за фудбалерот на Баерн.
Сигурно дека Конте би сакал да го види во својот тим. Алексис се повеќе се поврзува со заминување од Арсенал, додека деновите за Видал во Баерн се одброени. Конте претходно работеше со Видал во Јувентус и имаа навистина одлична соработка.