Дома Фудбал Англија Видео: Марсијал отвори со убав погодок, Лингард стави точка со фантастичен, „ѓаволите“ се радуваа на „Гудисон“!

Видео: Марсијал отвори со убав погодок, Лингард стави точка со фантастичен, „ѓаволите“ се радуваа на „Гудисон“!

marsijal

Во терминот од 18:30 часот во рамките од 22 коло во Премиер лигата се одигра натпреварот помеѓу Евертон и Манчестер Јунајтед.

Манчестер Јунајтед пред овој натпревар имаше големи проблеми со повредите и суспензиите. Жозе Мурињо за овој натпревар не можеше да смета на дури седум фудбалери, од кои шестмина се повредени, а еден суспендиран.


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


По првиот дел во кој гледавме прилично изедначен натпревар, погодоци немаше на ниту една страна, па на полувреме се замина со почетниот резултат 0:0.

Во вториот дел гостите од „Олд Трафорд“ започнаа да играат нешто подобро. На страната на „ѓаволите“ беа поседот на топка и ударите кон голот.

За погодок се чекаше до 57 минута од средбата. Пол Погба одлично го забележа Ентони Марсијал кој беше осамен, додаде, а Французинот со мајсториски удар надвор од шеснаесетникот го совлада Пикфорд, кој имаше неколку добри интервенции, посебно во вториот дел.

Точка на натпреварот стави Џеси Лингард кој во 80 минута постигна фантастичен погодок за 0:2. Резултат кој на крајот се покажа и како конечен.

Со оваа победа „ѓаволите“ се искачуваат на втората позиција, барем до натпреварот помеѓу Арсенал и Челзи кој се игра во среда со почеток од 20:45 часот.



Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Фернандеш: Ги изневерив соиграчите…

Капитенот на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш изјави дека ги разочарал своите соиграчи …