Дома Топ вести Реал Мадрид и го „краде“ Бускетс на Барселона

Реал Мадрид и го „краде“ Бускетс на Барселона

Талентираниот млад играч на Барселона, Ориол Бускетс одби да потпише нов договор со каталонскиот клуб и може да си замине на крајот на сезоната, пренесуваат каталонските медиуми.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Каталонски „Спорт“ открива дека сериозен интерес за него покажува најголемиот ривал на Барселона, Реал Мадрид.

Ориол Бускетс има само 18 години, а експертите во него гледаат легитимен наследник на Серхио Бускетс. Тој е во Барселона веќе десетина години, па евентуалното заминување ќе биде голем удар за Каталонците.

Ориол не е среќен бидејќи Барса нема доверба во него. Оваа сезона Валверде го стави во игра само на еден натпревар и тоа во Купот против Нумансија.

„Спорт“ пренесува дека англиските и италијански клубови исто така внимателно ја следат ситуацијата, но Реал Мадрид прави се за да го донесе на „Сантиаго Бернабеу“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…