Многу фудбалски навивачи кои го гледаа овој натпревар во 2005. година никогаш нема да го заборават финалето во Лигата на Шампионите помеѓу Милан и Ливерпул.
Во финалето во Истанбул, Милан по првите 45 минути водеше со 3:0, но Ливерпул не се предаде, успеа да го израмни резултатот на 3:3 и да избори продолжение, а подоцна и пенали. Тогаш, херојот на „Црвените“ беше легендарниот полски голман Дудек, а тој натпревар и ден денеска е тема за многу дебати.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Ние ви ја пренесуваме информацијата дека уште еден фудбалер од тоа финале пред 12 години се уште игра активно фудбал, а веројатно не сте го знаеле тоа. Откако легендраниот Џерард се збогуваше со фудбалот, а пред неколку дена и Кака, остана уште само тој – Милан Барош. Станува збор за напаѓачот кој се прослави на Европското првенство 2004. година во Португалија, а во истанбулското финале играше во старната постава.
Денес, 12 години подоцна, овој 36-годишен напаѓач е член на екипата Баник Острава, а доказ дека се уште не заборавил да игра фудбал е фактот дека тој во тековната сезона има постигнато седум гола на 15 одиграни натпревари. Во богатата фудбалска кариерата Барош ги носеше дресовите на неколку европски гиганти, а освен за Ливерпул, играше за Астон Вила, Лион, Галатасарај, Портсмут…