Дома Фудбал Официјално: Тиери Анри крунисан за КРАЛ НА ФУДБАЛОТ!

Официјално: Тиери Анри крунисан за КРАЛ НА ФУДБАЛОТ!

Легендарниот француски напаѓач, Тиери Анри на два пати за малку му „избега“ наградата за најдобар фудбалер во годината, а сега доби признание на кое сигурно не се надеваше.

Имено, најдобриот стрелец во историјата на Арсенал во неделата присуствуваше на фестивалот во Нигерија каде што беше крунисан за „Igwea“ – Крал на фудбалот!

Изгледа дека Нигериицте од секогаш беа големи фанови на 40 годишниот Французин кој секогаш кога ќе постигнеше погодок или ќе ги воодушевеше со атрактивен потег го нарекуваа фудбалски крал.

Анри по завршувањето на професионалната кариера остана во фудбалот. Денес е помошник на белгискиот селектор Роберто Мартинез.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Елмас погоди, Интер прокоцка два гола предност: Луди 4-4 во Бергамо!

Елиф Елмас беше меѓу стрелците во спектакуларното реми на Аталанта и Интер, во кое ниту пр…