Дома Фудбал Англија На „Олд Трафорд“ се плашат поради Ибрахимовиќ

На „Олд Трафорд“ се плашат поради Ибрахимовиќ

Како што пренесува „The Sun“, во Манчестер Јунајтед се загрижени дека Златан Ибрахимовиќ никогаш повеќе нема да биде истиот играч како пред операцијата на коленото.

Златан на крајот од минатата сезона доживеа многу тешка повреда на коленото во натпреварот од Лигата на Европа поради која мораше да паузира седум месеци, а на теренот се врати пред неколку недели.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Сепак, многумина сметаат дека тој во моментов не е нити бледа сенка од играчот кој минатата сезона постигна 28 гола на 46 натпревари. Ибра од враќањето на теренот пет пати влезе од клупата и одигра вкупно 73 минути, но не успеа да псотигне гол.

Најлоша беше неговата партија во дербито на Манчестер, кога дефинитивно не ги импресионираше навивачите во последните 20 минути, колку што и играше. Многумина сметаат дека неговите проблеми, а и лошата форма на Лукаку би можела да биде причина поради која Мурињо во јануарскиот трансфер период ќе бара други опции во нападот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Манчестер Јунајтед го сака Камавинга

Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за ѕвездата на Реал Мадрид, Едуардо Камавинга. Ру…