Португалскиот стратег на клупата на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо беше принуден да ја објасни ситуацијата околу не играњето на ерменскиот фудбалер, Хенрик Микхтаријан.
Ерменецот го немаше ниту на клупата за резервни фудбалери пред два дена кога Јунајтед на домашен терен го победи Борнмаут со 1:0, а новинарите по натпреварот ги интересираше причината.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Мурињо даде одговор во свој стил. Многу кажа, но најважното недостасуваше.
„Можам на клупата да ставам само шест фудбалери и се обидувам да направам баланс на клупата. Имав два дефанзивци, го имав Јанг кој може да игра на сите крилни позии, вклучувајќи ги и дефанзивните. Го имав Ерера како играч за врска, Ибрахимовиќ како напаѓач и Рашфорд како крило или играч кој игра зад напаѓачот“, изјави Жозе.
„Во првата постава беа Мартиал, Мата и Лингард. Да го ставев и Микхтаријан тоа би значело дека еден од нив нема да играч, а во овој момент сметам дека тие заслужуваат шанса да играат“, додаде Мурињо.
Потсетуваме, Ерменот оваа сезона во Премиер лигата одигра 12 натпревари и постигна еден гол со пет асистенции. Во последно време ги пропушти натпреварите против Њукасл, Базел, Воторд, Арсенал и ЦСКА Москва.