Дома Фудбал Англија Пеп Гвардиола „пред нос“ му го краде омилениот играч на Јирген Клоп

Пеп Гвардиола „пред нос“ му го краде омилениот играч на Јирген Клоп

Ливерпул и Манчестер Сити во јануарскиот трансфер период би можеле да водат голема битка.

Добро е познато дека „Црвените“ веќе долго време во своите редови сакаат да го видат дефанзивецот на Саутемптон, Вергилиј ван Дајк, но во текот на летниот трансфер период не успеаа да го доведат, иако се обидуваа до последниот ден.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


Екипата од „Енфилд“ ќе се обиде да го ангажира и во јануари, но проблем прави фактот што во трката се вклучува и Сити. Пеп Гвардиола, наводно, од управата на клубот побарал да го доведе овој одличен дефанзивец, а кога Сити некого сака, тој обично и пристигнува на „Етихад“.

Пеп му ветил на овој фудбалер место во првата постава, а освен тоа тој за само шест месеци би можел да стане и шампион на Англија, а и потенцијален шампион на Европа со новиот клуб. Кој такво нешто би можел да пропушти?

Што ќе се случи од сето ова, останува да видиме во следните недели.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Клоп за големиот рекорд на Џејмс Милнер: Посебен играч

Овој викенд, Џејмс Милнер се вброи како рекордер во Премиер лигата со најмногу одиграни на…