Реал Мадрив може да доведе играч пред носот на големиот ривал Барселона поради една неверојатна причина.
Барселона веќе подолго време е заинтересирана за 21-годишниот бразилски играч Артур, кој настапува за Гремио. Откако што беше клучен играч во освојувањето на Копа Либертадорес, каталонскиот клуб превзеде инцијатива за доведување на овој млад играч за врска.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Спортскиот директор на Барса, Роберто Фернандез се фотографираше со Артур, кој го носеше дресот на каталонскиот клуб. Оваа фотографија предизвика лутина во управата на Гремио, па тие, како што пишува „Marca“, одлучиле да му речат „не“ на клубот од „Камп Ноу“.
Работата да биде уште полоша за Барса, во приказната се вклучи и Реал, кој со Гремио ќе игра во финалето на Светското клуско првенство. Наводно, во Реал сметаат дека бразилскиот фудбалер дополнително би ја засилил веќе силната средина.
Како што пишуваат медиумите, откупната клаузула за Артур изнесува 50 милиони евра.