Челзи во 17. коло од англиската Премиер лига стигна до рутинска победа над Хадерсфилд со 1:3, а она што Еден Азар го направи по натпреварот е навистина одлично.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Одличен натпревар одигра Вилијан, кој постигна еден гол и запиша две асистенции, меѓутоа не ја доби наградата за најдобар играч на натпреварот, но Азар се потруди таа награда да дојде до неговите раце.
По завршување на натпреварот двајцата играчи беа во добро расположение кога даваа интервју, а потоа кога дојде време новинарите да ја доделат наградата, која беше планирана за Белгијанецот, тој ја зеде и му ја предаде на Бразилецот.
„Тоа е за тебе“, му рече Азар на Вилијан, кој изгледаше малку шокиран од одличниот гест на неговиот соиграч.