Tурскиоте медиуми пренесуваат еклузивна вест.
Медиумит „Сабах“ пишува дека управат на Реал Мадрид го контактирала Жорж Мендеш, агентот на Пепе поради враќање на Португалеот на „Сантијаго Бернабеу“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Меѓутоа оваа акција на „Лос Бланкосите“ изгледа како невозможна мисија.
Бразилецот со португалско државјанство одлично се вклопи во тимот на Бешикташ, турскиот шампион во голем стил избори пласман во нокаут фазата во Лигата на шампионите.
Доколку Пепе се врати во Мадрид не би имал право на настап во Лигата на шампионите, Барса во Примера има предност од осум бодови и изгледа дека од одбраната на титулата нема да има ништо, па така понудата за враќање за Пепе веројатно и не е примамлива, а не треба ниту да се заборив дека идното лето е Мундијалот. Пепе сигурно не би сакал да ризикува да не биде стандарден во редовите на „кралевите“.
„Знаеме дека Реал Мадрид се обидува да го врати Пепе, но тој останува тука“, изјави претседателот на клубот од Инстанбул Ахмет Булут.