Дома Фудбал Англија Видео: Жиру ги спаси „топџиите“ од пораз!

Видео: Жиру ги спаси „топџиите“ од пораз!

Во првиот натпревар од неделната програма во Премиер лигата, Арсенал се спасуваше од пораз против Саутемптон и одигра 1:1.

„Светците“ поведоа после само три минути игра кога Тадиќ после една убава акција одлично го проигра Аустин кој немаше тешка задача и погоди за 1:0. Претходно голема грешка направи Мертесакер, кој доби шанса бидејќи на загревањето се повреди Мустафи.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


„Топџиите“ најдобрите шанси за израмнување во првото полувреме ги имаа преку Ремзи и Лаказет, но на одмор се замина со предност за домаќините.

Арсенал во второто полувреме напаѓаше, а голот стигна дури во 87-та минута преку Жиру, кој во игра влезе во 72-та минута и ги спаси „топџиите“ од пораз.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Рубен Аморим даде зелено светло! Манчестер Јунајтед спремен со огромна понуда за играчот од средниот ред!

Јануарскиот трансфер период е сè поблиску и сите клубови, секако, се подготвуваат за прода…