Дома Трансфер зона Вилијан го напушта Челзи и го засилува големиот ривал

Вилијан го напушта Челзи и го засилува големиот ривал

Англиските медиуми тврдат дека во зимскиот преоден рок може да се случи уште еден голем трансфер на релација Челзи – Манчестер Јунајтед.

Имено, Бразилецот Вилијан не е задоволен од својот статус и малата минутажа која ја добива во Челзи, а таквата ситуација сака да ја искористи Мурињо и да го донесе на „Олд Трафорд“.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


„Специјалниот“ исклучително ги почитува квалитетите на Вилијан и додека тој го предводеше Челзи, Бразилецот беше еден од најважните играчи во тимот.

Според најавите на англиските медиуми Мурињо е спремен да плати околу 30 милиони фунти, бидејќи во Вилијан гледа идеална замена за Михтарјан, кој оваа сезона е во лоша форма и на излезна врата од „Олд Трафорд“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…