Дома Фудбал Останато Куртоа откри каде СИГУРНО ќе настапува!

Куртоа откри каде СИГУРНО ќе настапува!

Белгијанецот Тибо Куртоа (25) веќе знае каде ќе ја продолжи кариерата по завршувањето на епизодата во Челзи.

Одличниот голман има договор со „Сините“ до летото 2019. година, но во последно време се поврзува со трансфер во редовите на Реал Мадрид и Јувентус. Продолжувањето на соработката со Челзи не е ниту блиску до реализација, па Белгијанецот би можел да биде ставен на трансфер листа, а постои можност и да го напушти тимот како слободен играч по истекот на договорот.

Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?


Неговата желба за новиот клуб е јасна. Сака да се врати во Шпанија и тоа го призна во разговор за шпанските медиуми.

„Не сакам ништо да кријам. Сите кои ме познаваат, многу добро се упатени во фактот дека Шпанија многу ме привлекува. Доколку таму не се вратам наскоро, сигурно тоа ќе биде во следните години“, изјави Куртоа.

Куртоа покрај Реал се поврзува и со Атлетико. Тој веќе ги бранеше боите на споменатиот тим од 2011. до 2014. кога беше позајмен од екипата на Челзи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Артета носи два засилувања во јануари за борба за титулата во Премиер лигата

Многумина предвидуваат мирен јануарски трансфер период за Арсенал, бидејќи во текот на лет…