Дома Фудбал Останато Владимир Кличко доби привремено старателство над имотот на ќерката на Хајден Панетиер

Владимир Кличко доби привремено старателство над имотот на ќерката на Хајден Панетиер

Владимир Кличко, поранешниот партнер на американската актерка Хајден Панетиер, доби привремено старателство над имотот на нивната 11-годишна ќерка Каија. Оваа одлука ја донесе судот во Лос Анџелес по смртта на Панетиер во август.

Кличко изрази загриженост за заштитата на имотот на починатата актерка и побара од судот овластување за управување со него, тврдејќи дека некои лица кои не се дел од семејството се обидуваат да профитираат од нејзината смрт.

Каија е единствената наследничка на богатството на нејзината мајка, кое е проценето на милиони долари. Панетиер се откажа од старателството над ќерката во 2018 година во корист на Кличко.

Кличко и Каија присуствуваа на судското рочиште преку видео врска. Судот му даде овластување на Кличко да потпише и плати државни и федерални даночни пријави на починатата актерка, чиј рок за поднесување истекува за околу една недела. Одлуката за трајно старателство се очекува во декември.

Кличко исто така поднесе дополнителен барање за старателство, наведувајќи дека некоја личност која не е дел од семејството продала дел од имотот на актерката, вклучувајќи и накит. Неговите адвокати побараа дозвола за започнување на полициска истрага за враќање на незаконски присвоениот имот.

Панетиер почина на 16 август од последици на случајно предозирање со комбинација на супстанции, вклучувајќи фентанил и други лекови. Локалните и федералните истражни органи го истражуваат потеклото на недозволените дроги поврзани со нејзината смрт.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Нови Белград поразен на стартот на Лигата на шампиони

Нови Белград загуби од Барселонета со 15:12 во првото коло од Лигата на шампиони. …