
Eкипата на Валенсија конечно во шестото коло од Ла Лига дојде до првата победа сезонава откако на гости го совлада Алавес со 1-0, а еден од најзаслужните беше македонскиот голман Столе Димитриевски.
Димитриевски уште еднаш потврди дека во овој можеби е и играчот со најдобра форма на Валенсија. Македонскиот чувар на мрежата брани одлично речиси во секој натпревар, меѓутоа не успева сам секогаш да обезбеди позитивен резултат.
Денеска во завршницата од првото полувреме се истакна со фантастична двојна интервенција со што не дозволи домашниот состав да поведе.
Во вториот дел голот за победа го постигна Риоха на десетина минути пред крајот од средбата.
🙅♂️ El paradón de @Dimitrievski.@valenciacf | AlavésValencia | LALIGAHighlights pic.twitter.com/P7m9b9M3y7
— LALIGA (@LaLiga) September 15, 2026