Дома Фудбал Како Сити и Тотенхем го изиграа Ајнтрахт и го оставија без ниту еден цент!

Како Сити и Тотенхем го изиграа Ајнтрахт и го оставија без ниту еден цент!

Египетскиот фудбалер Омар Мармуш наскоро ќе се приклучи на Тотенхем од Манчестер Сити, а овој трансфер привлече големо внимание кај европската фудбалска јавност поради третиот тим, кој остана измамен во целата приказна.

Станува збор за Ајнтрахт Франкфурт, клубот кој беше жртва на пресметковна измама во текот на трансферот на нивниот поранешен играч во Тотенхем.

Да ги разглобиме настаните. Пред неколку недели, Тотенхем се обрати на Сити со желба да ги ангажираат нивните играчи Савињо и Мармуш. По кратки преговори, лондонскиот клуб им понуди на Сити 150 милиони евра за двата играчи заедно.

Ова им даде можност на раководството на Сити да маневрираат, и така во преговорите му кажаа на Тотенхем дека ја прифаќаат понудата, но само ако 90 милиони евра бидат за Савињо, а 60 за Мармуш.

Која е причината зад ваквиот услов од „Граѓаните“? На овој начин, Сити ја задржува целокупната сума од двата трансфера на нивните сметки, додека Тотенхем плаќа помалку за играч кој дефинитивно вреди повеќе (Мармуш) од другиот играч во овој трансфер (Савињо).

Трикот е во тоа што Сити пред една ипол година, кога го донесе Мармуш од Франкфурт, се обврза на германскиот клуб да му исплати 15% од идниот трансфер на Египќанецот, но само ако остварат профит од него. Значи, ако го продадат за повеќе од 75 милиони евра, колку што платија на Франкфурт за него.

Планот на Сити се оствари и успеаја да дојдат до позиција Франкфурт да не добие ниту евро од трансферот на фудбалерот кој се прослави во нивниот тим.

Од другата страна, Савињо „ни крив ни должен“ беше оценет на неверојатни 90 милиони евра, иако неговата пазарна вредност на Трансфермаркт се проценува на само 30 милиони евра, што е трипати помалку.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Голманот на Јувентус го комплетираше трансферот во Премиер лигата

Минатата сезона, српскиот голман Ѓорѓе Петровиќ имаше одлична сезона на голот на Борнмут в…