Дома Фудбал Вардар се засили со играч од Брегот на Слоновата Коска!

Вардар се засили со играч од Брегот на Слоновата Коска!

Вардар експресно реагираше по заминувањето на Дарко Велковски, кој кариерата ја продолжи во Бахреин, па во одбранбената линија донесе ново засилување од странство.

Станува збор за Сирики Дијабате, 23-годишен стопер од Брегот на Слоновата Коска. Дијабате е висок 192 сантиметри и треба да внесе дополнителна цврстина во последната линија на македонскиот шампион. Новиот дефанзивец последно настапуваше за катарскиот второлигаш Муатер, а во кариерата има и настапи во Бугарија, каде што ги бранеше боите на Ботев Враца и Ботев Пловдив.

Со ангажманот на Дијабате, Вардар продолжува да го засилува составот по турбулентниот почеток на сезоната. „Црвено-црните“ имаат амбиции да ја одбранат шампионската титула, но стартот не беше според посакуваното, особено по елиминацијата во Европа и неодамнешниот пораз од Шкендија.

Сепак, Вардар веднаш одговори на негативните резултати со убедлива победа над Силекс од 4-1, а сега со новото дефанзивно засилување ќе се обиде дополнително да ја стабилизира екипата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Како Сити и Тотенхем го изиграа Ајнтрахт и го оставија без ниту еден цент!

Египетскиот фудбалер Омар Мармуш наскоро ќе се приклучи на Тотенхем од Манчестер Сити, а о…