
Виктор Вембанјама наводно ова лето додаде уште пет сантиметри на својата висина, достигнувајќи приближно 231 сантиметар, објави Yahoo Sports. Француската суперѕвезда на Сан Антонио Спарс минатата сезона беше забележан со висина од околу 226 сантиметри, што покажува дека 22-годишниот Вембанјама повторно расте и покрај тоа што кај повеќето мажи физичкиот развој одамна завршил.
Неговиот раст во последниве години делува речиси неверојатно. Вембанјама на 16 години имал висина од околу 218 сантиметри, а кога Спарс го избраа за прв во НБА драфтот во 2023 година, официјално беше измерен без патики на нешто повеќе од 222 сантиметри. Пред почетокот на минатата сезона, Спарс веќе го бележеа на околу 226 сантиметри, а најновите информации вели дека се приближува на 231 сантиметар.
НЕВЕРОЈАТНО: Виктор Вембанјама наводно порасна уште ДВА ИНЧА оваа сезона и сега има измерена висина од 7’7” со распон на рацете од 8’3” за време на тимскиот тренинг во Франција.
— Basketball Ground (@BBallGround) August 19, 2026
По просек од 25.0 поени, 11.5 скока и 3.1 блокада со 51% успешност во шут, освојување на DPOY и учество во НБА финалето минатата сезона, Вемби… pic.twitter.com/5BmGQvMuwE