Дома Фудбал Халанд: Одлуките секогаш се во корист на големите, го знам тоа од Сити

Халанд: Одлуките секогаш се во корист на големите, го знам тоа од Сити

Синоќа, Норвешка беше елиминирана од Светското првенство по поразот од Англија со 2:1 во четвртфиналето.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Норвешка поведе во 36. минута преку голот на Шелдруп, но Англија успеа да го сврти резултатот со два гола на Џуд Белингем, првиот во 45. минута, а вториот во продолжението, 93. минута.

Натпреварот ќе остане запаметен по контроверзните судиски одлуки. Белингем го постигна изедначувачкиот гол за 1:1 од акција која започна откако топката се удри во кабелот што ја поддржува камерата над теренот. Судиите не реагираа, но сепак го поништија голот на Норвешка во 55. минута поради фаул на Ерлинг Халанд пред Хегем да постигне гол.

‘Што повеќе да се каже… Доколку одредени одлуки беа во наша полза, можеби исходот ќе беше различен. Но, на ова ниво, малите детали се одлучувачки фактори, и тоа го знам најдобро од искуствата во Манчестер Сити’, изјави Халанд по натпреварот и додаде:

‘Подобро рангираните тимови, каков што е Англија според играчите и квалитетот, обично ги добиваат ваквите одлуки во своја корист. Така е и во Сити, често доаѓаат одлуките во моја корист. Но, горд сум на тимот и на сето она што овде го постигнавме. Сега одам на заслужен одмор!’.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Таткото на Ерлинг Халанд: Ова беше кражба, на крај победи судијата

Англија ја победи Норвешка со 2:1 по продолженија и се избори за полуфинале на Светското п…