Дома Трансфер зона Првиот „фарaон“ беше полн погодок – Клоп сега му доведува сонаородник?

Првиот „фарaон“ беше полн погодок – Клоп сега му доведува сонаородник?

Јирген Клоп смета дека има решение за една од најслабите точки во тимот.

Ливерпул минатото лето од Рома го ангажираше Мохамед Салах за рекордна сума, Египќанецот го оправда секој цент и како што сега се покажа тој е едно од најдобрите засилувања во Европа.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Постигна 15 голови во сите натпреварувања, прв стрелец е во Премиер лигата со 10 погодоци, а Јирген Клоп сега би можел да му доведе друштво од татковината.

Имено, познато е дека Ливерпул има големи проблеми со одбраната, па така Германецот ќе се обиде да го доведе дефанзивецот на Ал Ахли кој настапува како позајмен фудбалер во ВБА, Ахмед Хегази.

Хегази пристигна во ВБА ова лето и стана неизоставен дел од сите 13 натпревари, постигна и еден погодок во Премиер лигата.

Како што пренесува „ЕСПН“, Ливерпул  е многу заинтересиран да го ангажира, но ќе има голема конкуренција од тимот на ВБА кој има можност да го откупи за 4.5 милиони фунти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…