Дома Фудбал Англија Мислите дека Манчестер Јунајтед игра досаден фудбал? Прочитајте го ОВА!

Мислите дека Манчестер Јунајтед игра досаден фудбал? Прочитајте го ОВА!

Изгледа дека португалскиот стратег на клупата на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо оваа сезона одлучил да направи неколку промени кога станува збор за стилот на игра.

Иако во натпреварите против тешките противници неговиот Јунајтед се уште главно игра затворен фудбал и без многу прилики и возбодувања, против нешто послабите противници тоа делува многу поинтересно отколку минатата сезона или во времето која клубот од „Олд Трафорд“ го водеше Луи Ван Гал.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Црвените ѓаволи“ синоќа ја победија екипата на Вотфорд со 4:2 и на тој начин стигнаа до бројка од девет постигнати голови на последните три натпревари, што до пред една година беше тешко и да се замисли.

Уште поинтересен податок е тоа што Манчестер Јунајтед е втората најефикасна екипа во лигата со 32 постигнати гола. Тие постигнаа седум гола повеќе од, да речеме, Ливерпул кој се смета за прилично офанзивна екипа, исто како и од Тотенхем од кој Јунајтед постигна десет гола повеќе. Освен тоа, избраниците на Мурињо примаат многу малку голови оваа сезона, со синоќешните два гола, вкупно осум гола.

Сепак, во следното коло им следува тешко гостување против екипата на Арсенал и тука секако треба да ја очекуваме добро познатата затворена игра на Мурињо на тешките гостувања.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Баерн и Челзи сè уште не можат да се договорат за Нкунку

Баерн Минхен и Челзи сè уште не можат да се договорат за трансферот на напаѓачот на лондон…