Дома Фудбал Белгија ги победи САД во најконтроверзниот натпревар на Светското првенство

Белгија ги победи САД во најконтроверзниот натпревар на Светското првенство

Фудбалската репрезентација на Белгија се пласираше во четвртфиналето на Светското првенство.
​Белгијците во натпреварот од осминафиналето одигран во Сиетл ги совладаа Соединетите Американски Држави со убедливи 4-1.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


​Европската селекција целосно го надигра еден од домаќините на Мундијалот, кому ништо не му помогна ниту тоа што претседателот на САД, Доналд Трамп, ургираше, а ФИФА под негово влијание ја укина суспензијата за напаѓачот Фоларин Балогун, кој на претходниот натпревар против Босна и Херцеговина доби црвен картон.

Како сè што се случуваше пред натпреварот да ја стави под преголем притисок репрезентацијата на Америка, која не личеше на себе, додека Белгијците дополнително се обединија и го одиграа својот најдобар меч во досегашниот тек од турнирот.

Белгија во четвртфиналето ќе игра против Шпанија.

​Не помина ниту една минута, а голманот на Америка, Фриз, мораше да реагира. Кастањ шутираше од дистанца и ја загрижи домашната публика на стадионот во Сиетл. Тоа беше најава за она што се случи во деветтата минута.

​Белгијците беа подобар ривал. Го притиснаа збунетиот домаќин и поведоа со голот на Шарл де Кетеларе. Лукебакио на левата страна го пронајде Тросар, чиј обид за центаршут беше изблокиран.

Сепак, топката стигна до Николас Раскин, кој во петерецот го пронајде Де Кетеларе, а напаѓачот постигна погодок.

​Фудбалерите на САД како да подлегнаа под големиот притисок поради уште поголемите очекувања и сè што се случуваше пред овој натпревар. Балогун беше целосно отсечен, а Белгијците по постигнатиот гол имаа целосна контрола врз мечот.

​Ги поремети повредата на централниот играч за врска Онана, кого селекторот Руди Гарсија мораше да го замени и во игра да го внесе фудбалерот на Клуб Бриж, Ханс Ванакен.

​Америка се „разбуди“ и почна да игра дури по паузата за хидратација, а набрзо после тоа израмни.
​Се играше 31. минута кога Балогун изнуди слободен удар. Го изведе Малик Тилман, а топката во живиот ѕид го погоди резервистот Ванакен, кој во обид да ја изблокира го измами голманот Куртоа за 1-1.
.
​За среќа на Белгијците, не поминаа ниту две минути, а мрежата повторно се тресеше. Овојпат на Американците.

​Леандро Тросар проби по левата страна и упати опасен центаршут, Де Кетеларе во скок го надмудри домашниот стопер Рим и по вторпат беше кобен за Американците, со што ѝ го врати водството на Белгија, 2-1.

​Белгијците можеа до трет гол по корнер во 39. минута. Обидот на Раскин го одбрани Фриз.

​Шансите пред голот на домаќинот се нижеа една по друга. Нова прилика имаше во 43. минута кога Лукебакио шутираше со глава, но не погоди во рамките на голот.

​Чекавме Балогун да направи нешто конкретно сè до самиот финиш на првиот дел, а тогаш напаѓачот на САД ненадејно се најде во шанса, шутираше од тешка позиција и ја испрати топката над гредата.

​Селекторот на Америка, Маурисио Покетино, мораше нешто да менува на полувремето. Аргентинецот одлучи да го извади од игра Сержињо Дест, а на негово место на теренот да го испрати Џовани Рејна.

​Неверојатна ситуација се случи во 57. минута. Голманот на Америка, Мет Фриз, излета од голот, стигна до топката, а потоа направи кардинална грешка. Во желба да ја исфрли топката, Фриз го погоди Де Кетеларе, таа се одби до Ханс Ванакен, кој ја погоди празната мрежа за големи 3-1 во корист на Белгија.

​На првото возбудување пред голот на Белгија во вториот дел се чекаше сè до 79. минута, кога силен удар од дистанца упати резервистот Берхалтер, но не беше доволно прецизен.

​По ова, уследи уште една одлична шанса за Американците само две минути подоцна. Балогун им побегна на дефанзивците на Белгија, излезе сам пред Куртоа, но голманот на Реал беше одлично поставен и го одбрани обидот на најдобриот стрелец на домашната селекција.

​Во судиското продолжение Белгија постигна и четврти погодок. По уште една катастрофална реакција на дефанзивците на САД, топката стигна до Ромелу Лукаку, а искусниот напаѓач рутински погоди во далечниот агол и го постави конечниот резултат, 4-1.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Aвиокомпанија го исмејуваше Роналдо по елиминацијата на Мундијалот (Фото)

Фудбалската репрезентација на Португалија вчера доживеа пораз од Шпанија со 0:1 во осминаф…