
Вардар е казнет од Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) со 250.000 евра, а истовремено доби и условна санкција во траење од три години, во која ќе биде под засилен надзор.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Како што информира извршниот директор на клубот, Миленко Неделковски, казната се однесува на сезоната 2023/24 и е изречена поради утврдени неправилности во финансиското работење, како и сомнежи за двојни договори и неправилности во документацијата.
Од УЕФА е спроведена и долготрајна ревизија во клубот, која траела околу десет месеци, по што е донесена конечната одлука за санкции.
Условната казна значи дека Вардар ќе биде под посебно следење во следните три години, а секое ново прекршување на правилата на европската куќа на фудбалот може да донесе уште построги мерки и дополнителни санкции.