Дома Фудбал Официјално: Вардар има нов тренер!

Официјално: Вардар има нов тренер!

Вардар денеска официјално го претстави новиот тренер, аргентинскиот стратег Кристијан Фабијани, кој пристигнува во Скопје со богато играчко и тренерско искуство и јасна визија за иднината на клубот.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Од таборот на „црвено-црните“ порачуваат дека станува збор за стручен кадар кој го негува модерниот, офанзивен и дисциплиниран стил на игра, со цел да се подигне нивото на тимот во претстојниот период.

Фабијани, како што стои во претставувањето, е познат по својата силна тактичка посветеност и енергија.

Со неговото доаѓање, во Вардар започнува нова ера и нов предизвик, со амбиција клубот повторно да се врати на високо ниво.

Аргентинецот во клубот доаѓа на местото на Гоце Седлоски кој во иднина ќе продолжи да ја извршува само селекторската функција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Завршено е првото и најголемото засилување на Реал за лето: “Му рекол на Мурињо дека доаѓа”

Враќањето на Жозе Мурињо во Реал Мадрид сè уште не е официјално потврдено, но веќе се поја…