Дома Фудбал Турција го објави списокот за натпреварот со Македонија, тука се ѕвездите на Интер, Реал и Јуве!

Турција го објави списокот за натпреварот со Македонија, тука се ѕвездите на Интер, Реал и Јуве!

Селекторот на Винченцо Монтела денеска го соопшти поширокиот список на фудбалери на репрезентација на Турција за подготовките пред настапот на Светското првенство кое ќе се игра ова лето.

Турција во рамките на подготовките ќе одигра и контролен натпревар против Фудбалска репрезентација на Македонија, а италијанскиот стратег за оваа акција повика 35 фудбалери. До стартот на Мундијалот, списокот ќе биде скратен на конечни 26 имиња.

Меѓу најзвучните имиња во составот се младите ѕвезди Арда Ѓулер од Реал Мадрид и Кенан Јилдиз од Јувентус, како и искусниот Хакан Чалханоглу, кој ќе има една од клучните улоги во тимот.

Пријателскиот натпревар меѓу Турција и Македонија е закажан за 1 јуни во Истанбул, додека вториот тест Турците ќе го одиграат на 7 јуни против Венецуела во Форт Лодердејл.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мурињо на шпанскиот новинар: Ако зборуваш лошо за мене, само внимавај (ВИДЕО)

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, порача дека пред враќањето на Сантијаго Бернабеу, не…