Дома Фудбал Шаќири не сакал да игра за Швајцарија на овој Мундијал, селекторот го објави списокот (Фото)

Шаќири не сакал да игра за Швајцарија на овој Мундијал, селекторот го објави списокот (Фото)

Швајцарија ќе игра во групата Б на Светското првенство, а ќе го отвори натпреварувањето со дуел против Катар на 13 јуни. Потоа ќе се соочи со БиХ на 18 јуни и Канада на 24 јуни.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Селекторот на швајцарската фудбалска репрезентација Мурат Јакин денеска го објави списокот од 26 играчи кои ќе учествуваат на Светското првенство, кое ќе се одржи од 11 јуни до 19 јули. Списокот го предводи 33-годишниот капитен Гранит Џака.

За Гранит Џака ова ќе биде седмо големо натпреварување по ред, а четврто Светско првенство. Првпат заигра за Светското првенство во Бразил пред 12 години, а ја претставуваше Швајцарија и на турнирите во Русија 2018 и Катар 2022, како и на Европските шампионати во Франција 2016, низ Европа 2021, и претстојното во Германија 2024.

Швајцарија ќе игра во групата Б на Светското првенство, а ќе го отвори натпреварувањето со дуел против Катар на 13 јуни. Потоа ќе се соочи со БиХ на 18 јуни и Канада на 24 јуни.

На списокот не се најде Џердан Шакири, легендата на Швајцарија. Иако е во одлична форма, решил повеќе да не настапува за Швајцарија.

Оваа сезона има 34 настапи за Базел, со десет голови и 11 асистенции, а зад себе има дури 125 настапи за швајцарската репрезентација.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Капитенот на Реал организираше збогувачка вечера – еден човек не е поканет!

Дани Карвахал по 13 години заминува од Реал и затвора едно од најтрофејните поглавја во ис…