Дома Останати АСОМ: Никогаш не сме биле дел од процесот на изработка на новиот предлог закон

АСОМ: Никогаш не сме биле дел од процесот на изработка на новиот предлог закон

Неразбирливо е како Владата по секоја цена се обидува да донесе закон што ќе има низа
негативни последици врз граѓаните и општеството. Овој закон нема да реши ниту еден
проблем, туку ќе создаде огромни нови проблеми. Со него, де факто, се затвораат
легалните игри на среќа и широко се отвора вратата за нелегално обложување по
подруми, со што државата се враќа во деведесеттите години.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Со затворањето на легалните објекти ќе почне да царува криминалот и нелегалното
обложување, што ќе претставува огромен ризик за граѓаните и играчите. Ова веќе се
случи во Албанија, а истото ќе се случи и кај нас.

Понатаму, 10.000 лица директно вработени во индустријата ќе останат без работа, а уште
50.000 индиректно поврзани работни места ќе бидат загрозени. Повеќе од 800 деловни
објекти под закуп ќе останат без закупци. Во буџетот ќе недостигаат над 280 милиони
евра по различни основи.

Целта на овој закон не е заштита на играчите и граѓаните, туку обезбедување монопол на
власта во овој сектор. Ние, како приредувачи на игри на среќа, нема да го дозволиме тоа.
Најавуваме масовни протести и целосно ќе ја изнесеме вистината пред јавноста.
Жално е што ниту една институција не се обиде да организира јавна дебата, ниту се
одважи да се соочи со нас и да ги слушне аргументите. Не е точна изјавата дека сме биле
повикани или дека законот бил подготвуван низ широк консултативен процес. Напротив,
законот е целосно изготвен без каква било консултација со нас.

Нашиот став е дека е потребен европски закон кој вистински ќе ги штити играчите, ќе го
либерализира пазарот на онлајн обложување и ќе обезбеди соодветна заштита и
едукација на играчите. За тоа сме подготвени да разговараме, а ваков закон сме
понудиле повеќепати и во минатото.

Во наш интерес, како Асоцијација, е да имаме долгорочно и одржливо решение што ќе
биде во интерес и на граѓаните и на индустријата. Тоа би требало да биде интерес и на
институциите. Сè друго отвора сомнеж дека зад овој закон стојат политички интереси, за
што нема да молчиме.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

АСОМ: Итно стопирање на законот за игри на среќа – 10.000 луѓе остануваат без работа преку ноќ

Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ) најостро реагира на Предлог-з…