
Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски продолжува со одличните настапи во финишот од сезоната и повторно беше меѓу најзаслужните за позитивен резултат на Валенсија.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Во дуелот против Рајо Ваљекано, Валенсија одигра 1-1, а Димитриевски со неколку сигурни интервенции се издвои како еден од хероите на натпреварот. Особено се истакна со одбраната во завршницата, кога спречи сигурен погодок на гостите и ѝ обезбеди бод на својата екипа.
Домашните поведоа во 20. минута преку Лајун, додека Лопез пред крајот на првото полувреме го израмни резултатот и ги постави конечните 1-1.
Фудбалерите на Рајо Ваљекано имаа можност и за водство, но Нтека не успеа да реализира пенал, откако ја погоди стативата.