Дома Останати Ракомет Кадетите се светски шампиони на училишниот Мундијал!

Кадетите се светски шампиони на училишниот Мундијал!

Машката кадетска ракометна репрезентација на Македонија се искачи на светскиот трон, освојувајќи го златото на Светското училишно првенство кое се одржува во Скопје.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Во финалниот натпревар, македонските млади ракометари беа подобри од Израел со 38-32, заокружувајќи уште еден голем успех за нашите селекции, по сребрениот медал во женска конкуренција.

Иако противникот поведе со 0-1 на стартот, избраниците на Македонија брзо го презедоа ритамот на игра. Со сигурна и организирана игра, тие создадоа предност од два гола, која постепено ја зголемуваа. Во 16. минута веќе имаа убедливи 11-6, а пред паузата разликата достигна и +7 (19-12).

Во второто полувреме, Израел успеа накратко да внесе неизвесност и се доближи на само два гола разлика (26-24), но македонските ракометари не дозволија изненадување. Со нов налет ја вратија контролата и повторно се одлепија, за на крајот да слават со конечни шест гола предност.

До златниот медал, Македонија стигна со максимален ефект од шест победи, совладувајќи ги селекциите на Бугарија, Грузија, Република Српска, Саудиска Арабија и Србија, пред да го круниса настапот со триумфот во финалето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

ЕХФ ѝ додели организација на Македонија на ЕП до 18 години!

Македонија доби уште една значајна организација на големо ракометно натпреварување, откако…