Дома Фудбал Енрике пред полуфиналниот спектакл во Лигата на шампиони: Ниту еден тим не е подобар од ПСЖ

Енрике пред полуфиналниот спектакл во Лигата на шампиони: Ниту еден тим не е подобар од ПСЖ

“НИТУ еден тим не е подобар од ПСЖ,” изјави тренерот на париската екипа Луис Енрике во пресрет на денешниот прв натпревар од полуфиналето на фудбалската Лига на шампиони меѓу ПСЖ и Баерн. “Не станува збор само за статистиките во нападот, туку и ако ги анализирате одбранбените броеви, ова се најдобрите тимови во Европа,” кажа Луис Енрике пред новинарите во пресрет на париското соочување. “И ниту еден тим не е подобар од нас,” додаде тој.

“Одбраната ќе биде од клучно значење”

ПСЖ го брани европскиот наслов откако минатата сезона во финалето го декласира Интер со 5:0. Оваа сезона парискиот клуб лигашкиот дел го заврши на 11-та позиција, по што преку Монако, Челси и Ливерпул успеа да стигне до полуфиналето. “Магијата на Лигата на шампиони носи посебна енергија на играчите, сите сакаат да бидат таму и да го искористат максимумот од ова време,” рече 55-годишниот Шпанец.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Енрике е свесен за офанзивната закана што ја претставува Баерн, кој оваа сезона постигнал 113 голови во Бундеслигата, 38 во Лигата на шампиони и 14 во германскиот Куп. “Знаеме колку ќе биде тешко и мораме да знаеме како добро да се браниме,” истакна тој. Францускиот клуб исто така има офанзивна игра. Меѓутоа, Енрике смета дека клучот ќе биде во одбраната.

“Иако има тимови кои фантастично напаѓаат, мора да знаете како се брани, тоа ќе биде клучно. Мора да знаете како да се брани против вакви екипи. Ова е атрактивен натпревар за сите навивачи, меѓу две екипи кои имаат извонредна сезона.”

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

На Алонсо му здодеа да го чека Ливерпул, подготвен е да прифати понуда на друг голем клуб

На Чаби Алонсо му здодеа да го чека Арне Слот да си замине од тренерското место во Ливерпу…