Дома Фудбал Наскоро паѓа еден од најважните потписи во Ливерпул!

Наскоро паѓа еден од најважните потписи во Ливерпул!

Францускиот фудбалер наскоро ќе ја продолжи соработката со клубот, иако минатото лето изгледаше дека тоа нема да се случи.

Играчот на Ливерпул, Ибрахима Конате, изјави дека е близу до постигнување нов договор со тимот и дека постои голема можност да остане на „Енфилд“ и во следната сезона.

Сегашниот договор на францускиот дефанзивец истекува ова лето, пет години откако тој пристигна во Ливерпул од Лајпциг за 35 милиони фунти.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


По вчерашната победа на Ливерпул против Евертон, овој 26-годишник изјави дека неговата иднина никогаш не била стаена под знак на прашање и дека на директорот за спорт Ричард Хејз му јаснил од почетокот на преговорите дека не сака да замине. 

“Многу се зборуваше на оваа тема, но ние разговаравме долго со клубот и сме многу блиску до решение. Сметам дека сите сакаа тоа да се разреши што е можно побргу, но сме на добар пат. Секако, има големи шанси да бидам тука и следната сезона. Ова е она што го посакував”, изјави Конате, пренесува БиБиСи (BBC).

На прашањето зошто се одложува до април, Конате го спореди со одолговлекувањето на договорите на соиграчите Вирџил Ван Дајк и Мохамед Салах минатата сезона, кажувајќи дека е “исклучително слично” и “можеби клубот сака така”.

Конате има одиграно 113 натпревари во Премиер лигата откако им се придружи на „црвените“, придонесувајќи за освојување титулата минатата сезона, како и ФА купот и Лига купот во 2022 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Засега никој од Реал Мадрид не го контактирал Мурињо, тврдат во Шпанија

Во последниве денови, името на Жозе Мурињо повторно стана актуелно како можен тренер на Ре…