Дома Фудбал Луис Енрике: Сакате лига полна со неизвесност? Ја добивте!

Луис Енрике: Сакате лига полна со неизвесност? Ја добивте!

Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, “господски” го прифати поразот од Лион со резултат од 2:1 во Лига 1. Овој неуспех ги промени плановите на неговиот тим во борбата за титулата, бидејќи Парижаните ја пропуштија можноста да го задржат водството од четири бодови во однос на првиот конкурент, упорниот тим на Ленс. Сепак, првенството стана уште понеизвесно и поинтересно.

Еве како Енрике гледа на неочекуваниот пораз на својата екипа:

Сакавте понеизвесна лига и ете ја. Ленс продолжува со победничкиот маратон и ќе биде тешко до самиот крај. Ова е фудбал и сега треба само да се подготвиме за наредните предизвици. Ќе играме на секои три дена и мора да се справиме со тоа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Баерн Минхен го следи Вирц, Ливерпул под притисок

Баерн Минхен покажува интерес за Флоријан Вирц, кој се мачи да се адаптира во Ливерпул. Ге…