Дома Останати Ракомет Македонија без милост кон Косово – нова голема победа на Медитеранските игри

Македонија без милост кон Косово – нова голема победа на Медитеранските игри

Кадетската ракометна репрезентација на Македонија продолжи со одличните настапи на Медитеранските игри, совладувајќи го Косово со убедливи 30-15. Нашите млади ракометари беа подобри во сите три делови од натпреварот (9-6, 8-5 и 13-4) и сосема заслужено стигнаа до максимален учинок.

Македонците постепено ја градеа предноста, а по поизрамнетиот почеток, целосно го презедоа ритамот и не дозволија изненадување. До крајот рутински ја потврдија разликата и запишаа сигурна победа.

Во следното коло, кадетите ги очекува дуел со Романија, кој е закажан за утре во 9 часот наутро.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

ТБВ Лемго со сензационална победа против Фуксе Берлин

ТБВ Лемго приреди големо изненадување со победа над Фуксе Берлин од 37:36, додека Ерланген…