Дома Останати Ракомет Пелистер се потпиша со среден бек од Партизан, но и најави уште едно ново име!

Пелистер се потпиша со среден бек од Партизан, но и најави уште едно ново име!

Актуелниот македонски првак Пелистер продолжува со засилувањата за новата сезона, откако клубот официјално објави дека постигнал договор со словенечкиот среден бек Миха Котар. Ракометарот стави потпис на двегодишна соработка и во Битола пристигнува од редовите на српскиот шампион Партизан.

Котар во својата кариера настапуваше за Тримо Требње и Словељ Градец, а во изминатите две сезони беше дел од составот на Партизан, каде што стекна дополнително искуство на регионалната сцена.

Од Пелистер информираат дека неговата официјална промоција е планирана за јули, на самиот старт од подготовките за претстојната сезона.

Воедно, од битолскиот клуб најавуваат дека работат на ангажман на уште еден ракометар на позицијата среден бек, но засега не откриваат конкретни имиња.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Лазаров: Никој не може да ми го оспори тоа што го направив за македонскиот ракомет

Тренерот на Алкалоид и селектор на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров, е…