Дома Останати Кошарка Вчера беше емотивно во Белград: Навивачите на Партизан се простија од Вујошевиќ (Видео)

Вчера беше емотивно во Белград: Навивачите на Партизан се простија од Вујошевиќ (Видео)

Пред неколку дена, Душко Вујошевиќ загуби во борбата со тешката болест.

Сите натпревари на Евролига оваа недела започнаа со минута молк во чест на легендарниот Душко Вујошевиќ, кој замина од овој свет по долгата битка со болеста. Вечерта беше посебно емотивна во Белград, каде неговиот Партизан го пречека литванскиот Жалгирис.

Навивачите на Партизан на изразито емотивен начин се простија од иконата на нивниот клуб. Сцените од белградската Арена беа трогателни, каде по минутата молк, на паркетот беа фрлени илјадници рози.

Со почит и тишина беше оддадена почит на човекот кој повеќе пати во текот на својата тренерска кариера го водеше Партизан, постигнувајќи многубројни успеси со клубот (освои вкупно 23 трофеи со нив).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Денвер го „продаде“ Јокиќ, Србин оди кај Дончиќ во Лејкерс?

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ би можел да му се придружи на Лука Дончиќ во Лос Анџелес Ле…