
Македонија добива ново фудбалско име кое сериозно го привлекува вниманието на европската сцена. Десетгодишниот Даријан Галевски од Скопје веќе остава силен впечаток со настапите во системот на Барселона.
Младиот талент испиша историја станувајќи првиот Македонец што освоил титула на светскиот турнир на академиите на каталонскиот клуб, кој се одржа во Каталонија. Галевски настапуваше за хрватската академија на Барселона и имаше значајна улога во освојувањето на престижниот трофеј. Во финалето против мексиканската екипа, неговиот тим славеше со 3-1, а тој придонесе со гол и асистенција.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Забележителен беше и настапот во полуфиналето, каде што се соочија со една од најсилните генерации на Барселона од Шпанија (2016). Натпреварот заврши 1-1 во регуларниот дел, по што победникот се решаваше на пенали. Галевски беше прецизен од белата точка и помогна својот тим да избори место во финалето.
Со ваквите партии, Галевски навестува дека пред него е ветувачка кариера и дека македонскиот фудбал може да добие уште едно големо име во иднина.