Дома Фудбал Македонија утре без навивачи, на трибините во Даблин ќе има само Ирци!

Македонија утре без навивачи, на трибините во Даблин ќе има само Ирци!

Фудбалската репрезентација на Македонија утре ќе го одигра дуелот против Ирска во Даблин, натпревар кој нема резултатско значење по поразот од Данска во полуфиналниот бараж. Сепак, избраниците на Гоце Седлоски ќе се обидат да остават подобар впечаток и да се рехабилитираат по убедливиот пораз.

Пред македонските фудбалери стои сериозен предизвик, со оглед дека натпреварот ќе се игра на распродадениот Авива стадион, каде трибините ќе бидат исполнети исклучиво со домашни навивачи. Поддршка од македонските фанови овојпат ќе изостане.

Во таква атмосфера, нашите репрезентативци ќе се обидат да извлечат позитивен резултат против мотивираниот домаќин.

Почетокот на натпреварот е закажан за 20:45 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мурињо збесна поради Винисиус: Можат да прават што и да посакаат!

Жозе Мурињо застана во одбрана на Винисиус и остро го критикуваше ВАР поради инцидентот ко…