
Поразот од Брајтон го означи десеттиот неуспех на Ливерпул во тековната сезона од Премиер Лигата, и остануваат уште два месеци од сезоната.
Ова е првпат по сезоната 2015-2016, „Црвените“ да имаат двоцифрен број на порази во лигата, а сега со оглед на лошата форма голема е можноста да имаат и уште некој до крајот на сезоната.