Дома Фудбал Куртоа се повреди, познато и колку ќе паузира!

Куртоа се повреди, познато и колку ќе паузира!

Голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртуа, заработи повреда на десниот квадрицепс за време на натпреварот од Лигата на шампионите против Манчестер Сити, соопшти денеска шпанскиот клуб.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Реал не откри конкретен период на отсутност, но шпанските медиуми известуваат дека белгискиот голман најверојатно ќе изостане околу шест недели.

Според “Марка”, Куртуа почувствувал болка пред почетокот на мечот со Манчестер Сити, но сепак го одигра првото полувреме пред да биде заменет.

Оваа сезона, Куртуа собра 41 натпревар за Реал во сите натпреварувања.

Реал моментално е втор на табелата во шпанското првенство со 66 поени, а во Лигата на шампионите ги очекува четвртфиналниот двомеч против Баерн.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Пропуштениот пенал не му пречеше на Мбапе да ја однесе Франција до полуфиналето

Франција повторно е на полуфинале на светското првенство трет пат по ред. Како ПАМЕТНО да …