
Нашата земја, заедно со Скопје, следната година ќе биде домаќин на уште едно големо натпреварување – Светското првенство за ракометари до 21 година. На турнирот ќе продефилираат најдобрите млади таленти од целиот свет, кои ќе се борат за планетарниот трофеј и ќе ја донесат светската ракометна елита во македонската престолнина.
Од Ракометна федерација на Македонија истакнуваат дека продолжуваат со интензивна работа во насока на развој и дополнителна афирмација на ракометот, но и со јакнење на имиџот на државата како сигурен организатор на врвни меѓународни спортски настани. Воедно, тие упатија благодарност до Меѓународната ракометна федерација (IHF) за довербата и можноста Македонија повторно да добие организација на едно вакво значајно светско првенство.
Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст
Турнирот е планиран да се одржи од 23 јуни до 4 јули 2027 година, период во кој Скопје ќе живее во знакот на ракометот и младинската енергија.