Дома Фудбал Башкими тргна да го напушти теренот – па се врати и загуби од Вардар!

Башкими тргна да го напушти теренот – па се врати и загуби од Вардар!

Фудбалерите на Вардар продолжуваат со сигурниот чекор кон врвот, откако во 19. коло на тренинг-центарот „Петар Милошевски“ минимално го совладаа Башкими со 1-0 и ја продолжија победничката серија.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


„Црвено-црните“ доминираа во најголемиот дел од средбата, но првото полувреме не понуди многу возбудувања пред двата гола. Сепак, избраниците на тренерот успеаја да ја материјализираат иницијативата во вистински момент – Стефан Цветковиќ стрелаше во втората минута од судиското продолжение и донесе водство кое подоцна се покажа како решавачко.

Во вториот дел сликата на теренот не се промени значително. Вардар ја контролираше играта, но и гостите од Куманово имаа своја златна шанса. По еден час игра, напаѓачот од Гамбија Фодај Травали се најде сам пред голманот, но чуварот на мрежата Талески со одлична интервенција спречи израмнување.

Финишот донесе и тензии. Главниот судија Керими му покажа црвен картон на Реџеп Мурати, по што гостите накратко се повлекоа од теренот. Прекинот траеше десетина минути, а потоа натпреварот продолжи без дополнителни инциденти.

Со новите три бода, Вардар стигна до 16. победа сезонава и со 51 бод цврсто се наоѓа на лидерската позиција, пред Струга и Шкендија, испраќајќи јасна порака дека шампионските амбиции се повеќе од реални.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Познато е кои четворица играчи се согласија да го напуштат Реал Мадрид, еден чинеше 50 милиони евра!

Реал Мадрид наредната сезона ќе го предводи од клупа Жозе Мурињо и сигурно е дека ќе има д…