Дома Фудбал Реал Мадрид и ПСЖ ги „закопаа воените секири“

Реал Мадрид и ПСЖ ги „закопаа воените секири“

Закопани се воените секири меѓу Реал Мадрид и ПСЖ. Кралевите се откажаа од проектот Супер лига и оваа приказна е завршена, а сега завојуваните страни би можеле да направат врвен трансфер кој ќе ги задоволи двата клуба повеќе од очекуваното.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Реал Мадрид вчера соопшти дека се откажува од проектот Супер лига и со излегувањето од овој проект завршува целата приказна за создавањето на натпреварување на најбогатите клубови во светот.

Флорентино Перез мораше да го признае поразот, но тој секогаш работи во служба на клубот, па излегувањето од лигата би можело да му донесе играч кој Кралевите силно го посакуваат, особено по закопувањето на воените секири со првиот човек на ПСЖ, Насер Ал-Келаифи.

„Благодарност до Флорентино Перез. Тој е интелигентен човек кој секогаш стреми кон напредок. Секој што вели дека ова е негов пораз нема појма за фудбал”, рече тој и додаде:

„Сите ние сме победници во овој случај. Нема губитници. Фудбалот доби многу, а тоа го посакавме за доброто на нашите клубови и навивачи”, изјави шефот на ПСЖ и претседател на Европската асоцијација на клубови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Два клуба го сакаат Ираола на клупата

Андони Ираола ќе го напушти Борнмут ова лето по одличниот резултат и промоцијата во Конфер…