Дома Фудбал Една од најголемите ѕвезди на Јунајтед со жестока реакција до фанот кој одбива да се шиша додека Јунајтед не победи пет натпревари по ред

Една од најголемите ѕвезди на Јунајтед со жестока реакција до фанот кој одбива да се шиша додека Јунајтед не победи пет натпревари по ред

Легендарниот играч на Манчестер Јунајтед, Вејн Руни, го сподели своето гледиште за приказната што стана вирална меѓу фановите во последните месеци – случајот со познатиот обожавател Франк Илет, кој вети дека нема да се шиша се додека „Црвените ѓаволи“ не остварат пет последователни победи.

Ова необично ветување Илет го даде пред дури 494 дена, но Јунајтед сè уште не успеа да ги постигне тие пет победи во серија.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Руни јасно го изрази своето неодобрување за целата приказна во подкастот „No Tippy Tappy Football“.

“Би го пратил на крајот на светот, навистина ми оди на нерви.”

“Разговараме за Карик и Јунајтед како се борат за петтата победа по ред, а сета фама е околу тоа дали овој тип ќе се шиша. Сигурен сум дека би бил очаен ако Јунајтед победи на петтиот натпревар, бидејќи тогаш би станал потполно небитен.”

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Чаби Алонсо блиску до враќање на тренерската работа и тоа каде!

Чаби Алонсо го напушти Реал Мадрид по само шест месеци. Овој одличен стратег доби отказ по…