Дома Фудбал Пато сака да купи клуб во Англија

Пато сака да купи клуб во Англија

Поранешниот напаѓач Алешандре Пато заврши со својата кариера минатата година, а сега сака да влезе во сопственичките води.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Како што пренесуваат англиските медиуми, Бразилецот води преговори за купување на Колчестер Јунајтед. Тој го посети клубот и се сретна со претседателот Роби Каулинг.

Пато при таа прилика уживаше во победата против Флитвуд Таун, но сè уште не е познато каква ќе биде инвестицијата.

Роби Каулинг е скоро две декади сопственик на Колчестер и изразил желба да го продаде клубот. Минатото лето се појави понуда од американската компанија „Lightwell Sports Group“, но договорот потоа пропадна.

Колчестер е на осмото место во четвртата Лига на англискиот фудбал, три бода од местото кое води кон плејофот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тажен крај: Португалскиот гигант и поранешен шампион престанува да постои по 123 години

Фудбалскиот клуб Боависта од Порто, еден од само петте клубови кои ја освоиле титулата шам…