Дома Останати Тенис Еве кога Новак Ѓоковиќ ќе игра во четвртфиналето на Австралија Опен

Еве кога Новак Ѓоковиќ ќе игра во четвртфиналето на Австралија Опен

Новак Ѓоковиќ го очекува мечот во четвртфиналето на Австралија Опен против Лоренцо Мусети, а организаторите сега го определија и распоредот на овој голем дуел и реприза на финалето од Атина.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Ова ќе биде 11-ти пат да се сретнат Србин и Италијанец, а досега Новак само еднаш бил поразен од Лоренцо, и тоа на земјена подлога во Монте Карло.

Италијанскиот претставник не успеа на тврда подлога да го совлада Ѓоковиќ, но му зададе тешки маки во борбата за трофејот во Атина пред неколку месеци. Сепак, Ноле тогаш ја освои титулата, а Мусети размислува за новата шанса да го загрози најголемиот тенисер на сите времиња.

Организаторите на турнирот во Мелбурн решија Ѓоковиќ и Мусети да излезат на Род Лејвер арената во среда, не пред 04:30 часот по македонско време.

Многу е веројатно дека ќе има и дополнително поместување, бидејќи тие двајца играат трет меч на главниот стадион.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Познато е кога Карлос Алкараз ќе се врати на теренот

Карлос Алкараз во Барселона се здоби со непријатна повреда на тетивата поради која ќе пауз…