Дома Фудбал Англија Хари Кејн даде ГОЛЕМО ветување – Ќе го исполни ли?

Хари Кејн даде ГОЛЕМО ветување – Ќе го исполни ли?

Напаѓачот на Тотенхем, Хари Кејн е желба на голем број тимови ширум Европа. Со своите настапи за Тотенхем тој го привлече вниманието од Реал. Чезли, Сити и бројни други клубови.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Сега познатиот портал „Goal.com“ пренесува дека покрај сите понуди, тој би сакал да остане во дресот на тимот од Лондон до крајот на својата кариера.

Во моментите кога трансферите во светот се плаќаат и по 100, 150, 200 милиони Кејн сака кариерата да ја заврши на „Вајт Харт Лејн“.

Претседателот на тимот, Даниел Леви претходно изјави дека нема да го продаде Кејн за сума помала од 200 милиони евра.

„Мојата цел е кариерата да ја поминам во Тотенхем. Имаме одличен тим, голем тренер, професионални услови и ќе добиеме нов стадион. Во овој момент се е одлично и навистина сум многу среќен тука“, изјави Кејн.

Веќе во вторник Кејн со својот Тотенхем ќе игра против Борусија Дортмунд рамките од Лигата на шампионите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Тотенхем се пофали со засилувањето од 100 милиони евра!

Тотенхем објави дека го потпиша Матеус Фернандес за 85 милиони фунти. Како ПАМЕТНО да типу…